| |

Нинова: Одлуката на Консултативниот совет за РС Македонија е достојна заштита на бугарскиот национален интерес

Одлуката на Консултативниот совет за национална безбедност е достојна заштита на бугарскиот национален интерес. Ова во социјалната мрежа Фејсбук го напиша вицепремиерката и лидер на Бугарската социјалистичка партија Корнелија Нинова. Советот ја потрвди позицијата на Бугарија за пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ, што ја усвоивме во 44-то Народно собрание, додава таа.

„За нас ова прашање беше една од црвените линии во преговорите за формирање влада. Тогаш некои не обвинија дека го отежнувавме формирањето на коалицијата. Не отстапивме. Во договорот напишавме дека нема да го менуваме ставот усвоен од парламентот, кој е достојна заштита на бугарскиот национален интерес“, пишува Нинова.

Слични Објави