Борисов контра Радев за РС Македонија: Претседателот му ја одзема можноста на премиерот Петков за било каков маневар
Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов со нови критики кон бугарската влада и претседателот Румен Радев во однос на РС Македонија.
„Договорот за добрососедство е толку точен и јасен во секоја една сфера, што едноставно треба да биде спроведен од двете страни. Состанокот на Консултативниот совет за национална безбедност, не беше потребен, истиот покажа дека државата се наоѓа во хаус“, изјави Борисов на денешниот брифинг пред новинарите во седиштето на неговата партија.
„Во тоа време имавме огромна желба Бугарија да им помогне на нашите соседи“, изјави Борисов, цитирајќи делови од Договорот за добрососедство.
„Основната цел на вчерашниот состанок на Консултативниот совет беше претседателот да се спаси од тоа што го ветил пред евроатлантските партнери и да ја префрли одговорноста на премиерот. Вчера претседателот Радев ја одзема можноста на премиерот Кирил Петков за било каков маневар“, изјави Борисов.