Бугарија го поддржува развојот на органското земјоделство во регионот Драч, Албанија
Невладината организација „Udhëtim i Lirë – Liberi di Viaggiare“ на специјална церемонија ги претстави резултатите од проектот финансиран во рамките на Официалната помош за развој на Бугарското Министерство за надворешни работи- „Решенија базирани на природата за заштита на опрашувачите во оранжериите и урбаните екосистеми“. Претставник на фармите вклучени во проектот изрази благодарност до бугарската држава за обезбеденото финансирање, соопшти прес-центарот на МНР.
Според него, воведениот начин на опрашување со помош на земни пчели (бомбуси) довеле до зголемување на квалитетот и квантитетот на произведените производи, како и до минимизирање на употребата на пестициди.
Извршната директорка на невладината организација Миранда Мансаку додаде дека целиот процес е објавен во посебна двојазична публикација, составена од научниот раководител на проектот, проф. д-р Шпенд Шахини.
Учениците од локалните училишта во регионот на Драч направија презентација на студиските сесии за заштита на животната средина одржани во рамките на проектот. Стекнатите нови практични знаења од екологијата ги мотивираа да одржат состанок со Советот на општината на општина Драч, на кој ќе се покренат важни прашања за развојот на градот, поврзани со загадувањето и заштитата на околната средина.
Асен Пачев, привремениот управител на амбасадата, го изрази своето задоволство од постигнатите резултати кои ги надминуваат првично планираните во проектот. Марија Пеева, трет секретар и координатор на проектот, им се заблагодари на земјоделците и учениците за нивното активно учество во проектот, како и на здружението за успешното завршување на уште една иницијатива на ОПР за поддршка на развојот на органското земјоделство во регионот на Драч.
