Џафери: Не штитам никого!

/

Претседателот на Собранието Талат Џафери тврди дека со одлуката да ја откаже седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните што ја закажал нејзиниот претседател Халил Снопче, а на чиј дневен ред имаше точки за состојбите во Министерството за одбрана, за пожарот во модуларната болница и автобуската несреќа во Бугарија, не штити никого, туку таквата одлука ја донел затоа што нејзиното закажување не било деловничко.

– Талат Џафери, како човек, пратеник или претседател на Собранието, ниту штити, ниту ќе штити некого за кого надлежните органи и институции ќе констатираат дека имаат одговорност за случувањата на тие два настани. Злоупотребата е во фактот што под превезот на информацијата на Мухаедин Бела кој пред јавноста е прикажан како граѓанин, да тој е граѓанин, но треба да се знае дека е и офицер на Армијата, актуелен полковник и неговото лично незадоволство поради тоа што не бил унапреден во повисок генералски чин прави информација, неовластено, за состојбата во МО имајќи предвид дека како вработен не може да дава информации за состојбите во таа институција, рече Џафери.

Тој појасни дека пратеникот Халил Снопче, кој е претседател на посочената Комисија, писмото кое Мухаедин Бела го пратил до Собранието, со податоци за информација за состојба во МО. Но, рече, поради тоа што е неовластен предлагач, тоа не е преземено во рамки на Собранието и не е третирано.

– Но, пратеникот сам себе и на Комисијата и пушта материјал спротивно на тоа што е деловничка процедура. Според Деловник овластени лица институции или организира предлагање материјали пред Собранието се Владата, пратеник – група пратеници и 10 илјади потписници од списокот на избирачите. Информацијата на која се темели свиканата седница е поднесена од неовластен предлагач затоа што член 185 од Деловникот јасно прецизира дека информација може да поднесат Владата и други овластени органи, пратеници и пратеничка група и 10 000 потписници или по барање на пратеник до определена институција или орган може информација да му биде дадена на пратеникот и тој да го сподели тоа преку претседател на Собрание до други пратеници и со тоа фактички да се испочитува процедурата, рече Џафери.

Тој вели оти тоа можел да го направи и Снопче, да побара информација од МО, да почека таа да му биде дадена и потоа да ја достави на разгледување во Собранието.

Со оглед дека тоа не го направил, истакна Џафери, Снопче не ги испочитувал процедурите и затоа тој како претседател на Собранието, а врз основа на овластувањата од членот 60 од Деловникот ја донел одлуката за отповикување на закажаната собраниска Комисија.

Освен за информацијата за МО, и за останатите две точки, кои се однесуваат пожарот во модуларната болница во Тетово и автобуската несреќа во Бугарија, не можело да се расправа во собранието, затоа што како што истакна, тие сè уште се во истражна или судска постапка.



– За двата случаја за двете точки е надлежност на други институции кои се во постапка. И едното и другото се во судска процедура во истражна процедура, рече претседателот на Собранието Џафери истакнувајќи дека обидот за нив да се расправа во парламентот е само обид за добивање политички поени.

Тој ја искористи приликата да им се извинам на граѓаните, роднини на жртвите во двата настана.

– Им се извинувам за чувства и незараснатите рани кои се активираа да крвават повторно се со цел за дневна политика и дневно политички поени, се злоупотребуваат емоциите и потребата тие да ја знаат вистината. Ја разбирам нивната реакција и не им замерувам, рече Џафери.

Вчера пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија Халил Снопче го обини Џафери дека незаконски и неделовнички ја откажал седницата на оваа Комисија.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Превентивно се повлекуваат Киндер-производи, соопшти Агенцијата за храна

Следна статија

Македонија се вооружува, но за колку пари? Доцнат и американските оклопни транспортери!

Најново од Вести