ПОЧНУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ИЛИНДЕНСКИОТ МАРШ, УТРЕ Е КРАЈНИОТ РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

//

Утре истекува рокот за пријавување коњаници за учество на традиционалниот Илинденски марш, кој оваа година се одржува јубилејно по 40-ти пат.

Подготовките за маршот ќе почнат наредниот викенд покрај кејот на реката Вардар, а досега се пријавени 20 коњаници, меѓу кои и две девојки.

Инаку, на маршот, кој на 27-ми јули ќе стартува од Општина Аеродром, ќе се приклучат и коњаници од: Маврово и Горна Река, Чичево, Демир Хисар, Свети Николе и пешадија од Охрид, а традиционално ќе заврши на 2-ри август во Крушево.



Организатор на традиционалната манифестација е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, а Општина Аеродром и оваа година финансиски го поддржува настанот.

Претходна статија

ШЕКЕРИНСКА: НИКОЈ ОД ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ НЕ ПРЕДЛОЖИЛ ГРАДЕЊЕ НА БЕГАЛСКИ КАМПОВИ ВО МАКЕДОНИЈА

Следна статија

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ КОИ ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДАТ И НАСМЕАТ!

Најново од Вести