БЛАГОЈ ЧОРЕВСКИ ЛАУРЕАТ НА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ „СВЕТИ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“

Истакнато Култура

Истакнатиот македонски актер Благој Чоревски е годинашен добитник на единствената награда на меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, што јубилејно по десети пат ќе се одржи од 14 до 22 септември во Крива Паланка. Наградата ќе му биде врачена на свеченоста организирана на 14 септември, на почетокот на Фестивалот…

Благој Чоревски потекнува од актерско семејство, Факултет за драмски уметности завршил во Софија, а работниот век го поминал во Драмскиот театар во Скопје. Во текот на својата долгогодишна актерска кариера има остварено значајни улоги во многу драмски, телевизиски, филмски и радиопроекти. Добитник е на многубројни значајни признанија.

Инаку, годинава на меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“,ќе бидат изведени осум претстави со театри од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија, а во придружната програма ќе бидат промовирани неколку книги од областа на театарот и ќе бидат отворени неколку изложби на фотографија.