Бугарија се претстави на најголемиот туристички саем во Јапонија
Министерството за туризам на Бугарија учествуваше на најзначајниот меѓународен туристички саем во Јапонија – Tourism Expo Japan 2025, кој се одржа од 25 до 28 септември во изложбената сала Aichi Sky Expo во Нагоја, префектура Ајчи, Јапонија, јавува БНР.
Бугарија беше претставена на штандот на Европската туристичка комисија заедно со други европски дестинации кои ги здружија своите напори за промоција на европскиот туристички производ на јапонскиот пазар.
„Учеството на Бугарија на Tourism Expo Japan 2025 е стратешки чекор за проширување на нашето присуство на овој далечен пазар. Јапонските туристи ја ценат културата, историјата и автентичните доживувања, а Бугарија може да понуди сè тоа – од древни традиции и богато историско наследство до модерна туристичка инфраструктура и уникатна природа,“ изјави министерот за туризам Мирослав Боршош.

