КОЈ ПРВ ЌЕ ГО ФРЛИ КАМЕНОТ?!

Што е правилното? што е точното? Што е вистинското? Што е моралното? Каде се неговите граници? Дали воопшто постојат? И ако постојат има ли отстапки,компромис?! Дали тежината на проблемот, ситуцијата, околностите ни носат оправдувања за постапките, дејствувањата на нас луѓето?! А можеби се работи за судбина?!

Дали дисбалансот,неурамнотеженоста е во тоа што со различни очи гледаме на овој свет, можеби е имањето на различни стратегии, интереси, карактери, поставени цели за одредени достигнувања Или едноставно проблем се само различните патеки на таканаречената „животна судбина“?!

Треба ли да се прифатат осудувањата, критиките кои се упатуваат од поединци кои зборуваат за невиност, искреност, лојалност, постојаност,достоинство…
Дали се тие навистина такви? Тие ли се луѓето со големите морални човекови вредности? Или сепак се добри манипулатори кои живеаат во својата сопствена сенка, бегајќи од нивното вистинско јас, залажувајќи се себеси, прекривајќи ги недостатоците,несигурноста, незадоволството од тоа што се тие и од нивните достигнувања?!
А пак ваквите дали се за осудување?! И ако се кој би бил достоен за да ги осудува?
Секој во животот дошол до ситуација да осуди или да биде осуден… Јас само едно ќе напишам за крај. Во Бибилијата пишува:

„Тогаш книжниците и фарисеите доведоа при Него една жена, фатена во прељубодејство; па како ја изведоа насреде, Му рекоа: „Учителе, оваа жена сега е фатена во прељубодејство. А Мојсеј во Законот ни заповеда: такви со камења да ги убиваме; Ти, пак, што велиш?” Тоа го рекоа за да Го искушаат и да Го обвинат. А Исус се наведна долу и почна со прст да пишува по земјата, не
гледајќи ги. Но кога продолжија да Го запрашуваат, Он се исправи и им рече: „Кој од вас е без грев, нека прв фрли камен на неа!” И пак се наведна долу и пишуваше по земјата. А тие, штом го чуја тоа, бидејќи совеста ги гризеше, се разотидоа еден по еден, почнувајќи од најстарите до последните; остана Исус Сам со жената, која стоеше насреде. А кога се исправи и не виде никого освен жената, Исус ѝ рече: „Жено, каде се оние што те обвинуваа? Никој ли не те осуди?” А таа рече: „Никој, Господи.” Тогаш Исус ѝ рече: „Ни Јас не те осудувам. Оди си и немој повеќе да грешиш.”

Автор: Александра Трнковска

Слични Објави