Ковачевски: Владата е на страната на работниците, покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето
Премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи се огласи откако ССМ со отворено писмо упати порака до Владата да бидат на страната на работниците и да се усвои предлогот за минималната плата да биде покаена на 18.000 денари. Тој вели дека Владата е на страната на работниците, иако не спомна дали минималецот ќе биде покачен на 18.000 денари.
Владата е на страната на работниците – покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето. Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни е она кое ќе не одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците. Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата. Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес интерес на граѓаните и ќе ги исполнување ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе се решаваат сите прашања кои целат кон подигање на животниот стандард на граѓаните, порача.

