|

Недостиг од специјалисти ја стопира кардиохирургијата во Скопје – најавена соработка со Словенија

Министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција се осврна на сериозниот проблем со недостиг од стручен кадар на Клиниката за кардиохирургија во Скопје. Поради недостиг од специјалисти, во моментов таму не се изведуваат интервенции ниту трансплантации.

„Недостиг од кадар не постои само на Клиниката за кардиохирургија – тоа е системски проблем кој ги засега речиси сите клиники. Веќе преговараме за билатерален договор со Словенија, со цел нивни доктори да доаѓаат кај нас, а нашите лекари да добијат можност за стручна размена во странство“, изјави Алиу.

Според него, предлогот е сè уште во почетна фаза, но би можел да овозможи размена на медицински кадар во период од три до шест месеци.



Слични Објави