| |

Радев: Бугарија очекува уставни гаранции, а не ветувања за правата на Бугарите во РС Македонија

Претседателот на Република Бугарија Румен Радев го оцени како позитивен знак интензивирањето на билатералниот дијалог меѓу Скопје и Софија, но потсети дека Бугарија не очекува нови ветувања туку уставни гаранции дека правата на македонските Бугари во РС Македонија ќе бидат почитувани. Радев е дециден дека тоа мора да се случи со вклучување на Бугарите во Преамбулата на Уставот, пред почетокот на преговорите за влез во ЕУ на РС Македонија. Според него оставањето во заден план на прашањата за правата на македонските Бугари, посегнувањето кон бугарското културно наследство и говорот на омраза ќе го забават процесот.

„Позитивен знак е интензивирањето на билатералниот дијалог со нашиот југозападен сосед со надградба на досега постигнатото.Но, Бугарија не очекува нови ветувања, туку уставни гаранции за почитување на правата на македонските Бугари, со нивно додавање во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија, заедно со наведените други делови од народите. Тоа мора да се случи пред почетокот на преговорите за членство во ЕУ со нашиот југозападен сосед“, стои во објавата на официјалната страна на бугарскиот претседател во социјалната мрежа Facebook.

Според Радев дека во парламентот на земја кандидат за членство во ЕУ нема мнозинство од 2/3 за да се изрази политичката волја за постигнување на полноправно членство е тешко прифатлива.

„Тешко е да се прифати тезата дека во парламентот на земја кандидат за членство во ЕУ нема мнозинство од 2/3 за да се изрази силната политичка волја за постигнување полноправно членство. Исто така, би било необјасниво да се донесе во Обединета Европа идеологијата на поранешните тоталитарни режими“, стои во објавата на Радев.

„Како одговорна европска земја, Бугарија не сака да внесува отворени проблеми во ЕУ и очекува разбирање, солидарност и поддршка од европските сојузници за прашањето за европската интеграција на РС Македонија. Им благодарам на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и на Швајцарија за денешната плодна средба“, пишува Радев.

Слични Објави