| | |

(Видео) Илиев: Наш национален интерес е да ги заштитиме и гарантираме правата на Бугарите во РС Македонија

Ми прави впечаток дека колку повеќе поминува времето, позицијата на Бугарија станува се поцврста и барањата повеќе се надoградуваат. Ако минатата година или пред една година и половина, актуелната власт во РС Македонија можеше да помине само со објективизација на вистината и признавањето на историската вистина преку работата на заедничката историска комисија, веќе има и други барања. Тоа во емисијата „Хајд парк“ на порталот Трибуна го изјави младиот бугарски историчар Кирил Илиев од БАН.

Илиев е дециден дека не безусловното давање „зелено светло“ за почеток на преговорите на РС Македонија со ЕУ, туку заштитата на правата на Бугарите во земјата и заштитата на бугарското културно и историско наследство, бугарски национален и државен интерес.

„Нашиот национален интерес, бидејќи зборуваме за нација пред се е да ги заштите правата на Бугарите, кои живеат во РС Македонија. Кога ќе ги гарантираме нивните права, кога ќе го гарантираме зачувувањето на бугарското културно и историско наследство, тогаш ние сме го заштитиле нашиот национален и државен интерес “, вели Илиев во „Хајд парк“.

Дали во Пиринска Македонија имало масовни акции на „угнетени етнички Македонци“ насочени против „лошите Бугари“, кој е Герасим Тодоров, како ги коментира Илиев изјавите на неговите постари колеги од РС Македонија за карактерот на бугарската држава во времето на цар Борис III и на што се должи зголемената активност на одредени либерални кругови во Бугарија, кои инсистираат РС Македонија да добие „зелено светло“ за старт на преговорите со ЕУ без затворање на отворените прашања. На овие теми зборуваме со Кирил Илиев млад историчар од Бугарската академија на науките.

Погледнете го целиот разговор во видеото што следи:

Слични Објави