(Видео) Перев за нападот врз Христијан Пендиков: Медиумите во Македонија сакаат да ја претстават ситуацијата како неважен инцидент
„Во Македонија медиумите на секој начин се обидуваат да ја претстават ситуацијата како неважен инцидент, судир меѓу три млади момчиња и една девојка, кој почнал во некој ноќен клуб, а завршил на улица“, изјави публицистот и редовен колумнист на порталот Трибуна Владимир Перев за утринската програма на бугарската Нова тв.
Перев додаде дека дури се тврди за постоење на насилен однос од страна на бугарската држава врз македонската држава, бидејќи испратила авион и го прифатила на лекување претепаниот Христијан Пендиков.
Повеќе во видеото што следи: