|

Граѓаните најавуваат протест ако не се исели Еврејската група од охридско

Членовите на еврејската група „Лев Тахор“ која од Куманово, пристигна во Скопје, синоќа биле префрлени во охридското село Горно Лакочереј со полициска придружба. Групата од 37 луѓе, од кои половина се малолтени деца, ретко излегуваат од дома и велат дека доаѓаат во мир, а имаат пасоши и привремен престој од 90 дена во Македонија. Тие пристигнаа на 5 февруари во Куманово, а оттогаш се соочуваат со многу проблеми поради нивниот изглед.

Денеска жителите на селото Горно Лакочереј излегоа на улица со барање да се исели групата оти се плашеле за својата безбедност. Тие велат дека доколку не заминат ќе излезат на масовни протести.

Слични Објави