|

(Видео) Горан Мицевски- Кус со музички деби соло проект: Се отуѓивме и се претворивме во бескрупулозни игноранти

„Гласот од невидливиот свет” е проект на нашиот млад музичар Горан Мицевски Кус. Самиот проект е составен од 5 дела. Деновиве на социјалните мрежи промовираше еден дел од целиот проект со наслов „Немир“ за кој има изготвено и видео запис.

„Генерациски ние сме сведоци на прилично предизвикувачки времиња, на еден процес на целосно губење на чувството на човечност, емпатија и убав збор. Нашата комуникација, нашето секојдневие, стана тажна слика. Ние сме отуѓени, без почитување, бескрупулозни, игноранти.
Светот се најде во раце на една генерација која поради недостигот на визија за поубава иднина се самоуништува. Генерација која ќе биде безмилосно осудена – се што ќе извалка со својата нечовечност да го мие со сопствените горчливи солзи или уште потажно со солзите на своите невини поколенија“, изјави Горан .

Горан е познат на јавноста како фронтмен и тромбонист на битолската музичка атракција Brass brothers кој исто така се јавува и како автор на комплетната авторска музика на бендот.


Погледнете го видео записот:



Слични Објави