Петков: Три автобуса со Бугари и четворица Италијанци се тргнати од Украина за Бугарија

/

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, и министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, денеска одржаа вонреден брифинг за депортацијата на 140 бугарски државјани од Украина, јави дописникот на МИА од Софија.

Три автобуса од Одеса заминаа за Бугарија за да ги изнесат Бугарите од Украина, меѓу кои и четворица италијански државјани.

Бугарскиот ситуациски центар во рамките на Министерството за надворешни работи е во контакт со локалните власти во Киев за да обезбеди „зелен коридор“ за нивно заминување од главниот град на Украина.

Генчовска коментираше дека им наредила на бугарските амбасади во земјите кои граничат со Украина да им излезат во пресрет на автобусите со бугарски државјани и да им пружат логистичка помош.

Кризниот штаб во текот на целиот ден работеше заедно со министерката Генчовска и експерти, на кои им се придружи и премиерот Кирил Петков, кој се запознат со активностите на дипломатите.

Премиерот Петков неколку часа предпладне се движеше во близина на зградата на бугарската влада во Софија, шетајќи се во близина на протестот кој е во тек пред зградата на претседателството за поддршка на Украина и против агресијата на режимот на рускиот претседател Владимир Путин. Тој ги поздрави присутните, кревајќи ја раката во знак на поздрав.



За вечерва е закажам протест пред руската Амбасада во Софија.

Протести за поддршка на Украина се одржаа и во неколку други градови во Бугарија.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Конашенков: Руската армија доби наредба да напаѓа од сите страни во Украина

Следна статија

Сѐ уште не се знае колку државјани на РСМ чекаат на евакуација од Украина

Најново од Вести