|

Почна реконструкцијата „Бутелска“, Град Скопје издвои 26 милиони денари

Со градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски, извршивме увид во состојбата на улицата „Бутелска“, во општина Бутел за чија реконструкција Градот Скопје издвои 26 милиони денари. Ова е најпрометната улица во општина Бутел, при што покрај коловозот, целосно ќе се заменат оштетените тротоари и автобуски постојки, а со реконструкцијата се решава едно од барањата на граѓаните во овој дел од градот, а со ова го олеснуваме функционирањето и движењето на повеќе од 25.000 граѓани кои секојдневно транзитираат на овој потег, напиша градоначалничката Данела Арсовска на социјалните мрежи.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави