Трифонов со коментар за резултатите од пописот: Додека РС Македонија не стане нормална европска земја, за каква што има претензии дека е, ќе си остане само дел од Западен Балкан
Повеќе од 100 илјади државјани на РС Македонија ги докажале своите бугарски корени во Бугарија, а во РС Македонија се плашат да се наречат „Бугари“. Ова во пост на социјалната мрежа Facebook го напиша Слави Трифонов, лидер на партијата „Има таков народ“, која е дел од владејачката коалиција во Бугарија.
Трифонов во постот го коментира официјалниот број на попишани Бугари во РС Македонија кој изнесува 3504 луѓе и го поставува реторичкото прашање, зошто во една нормална европска земја, за каква што РС Македонија има претензии дека е, еден човек би се плашел да каже каков е, и дава одговор „затоа што тоа не е нормална европска земја“.
„Зборувам по патот на логиката- ако РС Македонија сака да биде нормална европска земја, т. е. да биде дел од ЕУ, нејзините државјани би требало да можат слободно да се самоопределат и нивните права не треба да бидат негирани. Мојот став е дека, додека тоа не се случи, РС Македонија ќе си остане само дел од земјите во Западен Балкан“, пишува Трифонов.

