| |

Google ја потврди својата инвестиција во Институтот за вештачка интелигенција што се отвори во Софија- Бугарија на пат да стане Силиконската долина на Источна Европа

Google ја објави на својот блог веста за отворањето на првиот во Источна Европа Институт за компјутерски науки, вештачка интелигенција и технологија INSAIT. Институтот е создаден во партнерство помеѓу Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и два од водечките технолошки универзитети во светот – швајцарскиот ETH Цирих и EPFL. INSAIT беше свечено отворен пред неколку дена во бугарскиот главен град Софија.

Потсетуваме дека водечките светски технолошки компании Google, DeepMind и Amazon Web Services ја препознаа важноста на INSAIT за развојот на истражувањето и иновациите во Источна Европа и за прв пат поддржуваат сличен проект во регионот со инвестиција од над 12 милиони лева.
Потврда за тоа е дека Google и официјално ја потврди својата инвестиција во висина од 3 милиони долари, објавувајќи ја веста на својот блог.

Според експерти, ако работењето на INSAIT ги задржи најавените темпови на работа Бугарија во наредните 10 години, може да се претвори во Силиконската долина на Источна Европа.

Слични Објави