Гоце Делчев самиот ја определил својата национална припадност
Пишува: Љупчо Куртелов за БГНЕС
Не е лесно да се биде историчар во Македонија. Треба да имате афинитети за литература со насока научна фантастика. А нашиот Тодор (Чепреганов – белешка од уредникот), за жал, и овде не е добар. Од човек кој целиот свој живот го поминал на државна јасла, сепак се очекува да има малку повисоко ниво на имагинација. Инаку, неговите тези се разочарувачки.
„Гоце Делчев се борел за македонската држава и затоа е Македонец“ !!!
Тодор, дали си слушнал за Бајрон? Се бореше за слободна Грција (каде што загина), но дали е Грк? Не, тој е Англичанец, Лафајет се бореше за независна Америка, но тој е Французин. И Тадеуш Косцјушко – но тој е Полјак.
Еве неколку примери од нашата непосредна околина:
Тома Давидов – бугарски офицер од Ловеч, кој ја напуштил војската и се борел за слободата на Македонија. Загинал во 1903 година во село Оздолени, Охридско.
Парашкев Цветков – професор по музика во Плевен, идеалист. Дошол во Македонија, починал во 1903 година во село Могила, Битолско. Марко Лерински и … многу други.
Гоце Делчев и неговите соборци во ВМРО имаат за цел да се борат за автономна Македонија од единствена причина што Големите сили не дозволиле формирање на бугарска држава во нејзините етнички граници, бидејќи веруваа дека тоа ќе биде пречка за нивните интереси на Балканот.
Ако ги прашате Додик и Србите од Република Српска денес, тие за 5 минути би и се придружиле на Србија. Но, дали им е дозволено? Не!
Грците од Кипар се обидоа во 1973 година да се обединат со „мајката“ Грција. Дали успеаја? И денес гледаме какви се проблемите на Кипар. Аналогијата на борбата за автономна Македонија во почетокот на дваесеттиот век е приближно иста.
И не е фер ние да кажуваме каков бил Гоце Делчев. Си рекол тој самиот: „…Што да правиме кога сме Бугари и сите боледуваме од една иста болест…“ Писмо напишано од Гоце до војводата Никола Малешевски на 5 јануари 1899 година.
П.С. Дедото на Тодор Чепреганов бил член на Здружението против бугарските бандити во Источна Македонија. А бугарските „бандити“ биле дејците на ВМРО, на чело со Тодор Александров.
