| |

Петков: Ветото ќе биде кренато, тогаш кога ќе си ја завршиме работата

Премиерот Кирил Петков очекува наскоро во македонската влада да се формира институција за Бугарите. Тој повтори дека ветото ќе биде укинaто „кога ќе ja завршиме работата“.

„Сите Бугари знаат дека РС Македонија на долг рок мора да биде дел Европската унија. И сите Бугари знаат дека правата на Бугарите во РС Македонија мора да бидат заштитени. Поентата е да се ослободиме од оваа политичка реторика и да работиме. Очекувам РСМ многу брзо да направи некаква институција во склоп на нивната влада за правата на Бугарите“, рече премиерот.

Тој повтори дека оваа влада нема да направи ништо без бугарскиот парламент.

„Ништо скриено нема да се случи. Целосно ќе го заштитиме бугарскиот интерес, но долгорочниот бугарски интерес се совпаѓа со долгорочниот интерес на РСМ. Кој сака соседот да е сиромашен, да не е во ЕУ и да има затворени граници“, изјави Петков на Нова ТВ.

Запрашан дали ветото ќе биде укинато, тој рече: „Кога ќе ја завршиме работата“.



Слични Објави