Ковачевски: Во европскиот предлог имаме дефинирано позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонски јазик како и протоколот да не биде во преговарачката рамка
Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање од владата рече дека францускиот предлог ги инкорпорира забелешките на РС Македонија и ставови и оти за градење на државниот став ќе следува консултативен процес со претседателот, собранието и опозицијата.
„Во европскиот предлог имаме дефинирано позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонски јазик како и протоколот да не биде во преговарачката рамка“, рече Ковачевски.
Како што додаде премиерот, предлогот јавно ќе биде претставен на интернет страната на Владата.
