ЈАНЕВА СЕ ЗАКАНУВАЛА ВО СЈО: АКО ПРОПАДНАМ ЈАС ПРОПАЃАТЕ И ВИЕ

Изминатите неколку дена атмосферата во СЈО е тензична. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, во понеделник, откако се врати од одмор, ги собрала присутните обвинители и им се заканила дека доколку таа пропадне, ќе ги повлече и нив заедно со неа, јавува Фокус.

Како што дознава Фокус од извори од СЈО, наводно рекла и дека ќе измисли работи за нив, само за да ги оцрни.

Оваа закана доаѓа во момент кога дел од обвинителите се повикани да сведочат во Обвинителството за организиран криминал и корупција за истрагата „Рекет“, поради што се толкува како обид да ги замолчи.

Тензијата дополнително се зголемила денес кога Јанева наредила секој кој влегува и излегува од СЈО да се претресува, за што и јавно посведочи и обвинителката Фатиме Фетаи.