КЕЖАРОВСКИ ЗА VOA: ЕДЕН ЧАС ПОМИНАТ ВО ХОДНИКОТ ВО ШУТКА ЌЕ ВИ ГО СМЕНИ ЖИВОТОТ

//

Не еден ден, туку еден час минат во ходникот ‘Ц’ во ‘Шутка’, ќе ви го смени животот од корен“, вели новинарот Томислав Кежаровски во материјал на VOA за нечовечките услови во македонските затвори.

„Дезинфекција на ќелијата е мисловна именка. Била направена некогаш и ќе се направи пак. Некогаш. Ќебињата, душеците и перниците се од памтивек. Не се можеби од деветнаесеттиот, ама сигурно се од средината на дваесеттиот век… Ве уверувам дека за неколку часа можете да пополните инсектариум со најразлични бубачки. Добро, во блокот „Ц“ не видов – змија, желка и лилјак…“, вели Кежаровски.

„За да прочитате книга или весник, треба да имате минимум познавање од јога. Треба да се извртите толку добро на креветот, онаму каде што паѓа мал сноп дневна светлина, и да видите што пишува. Но, ако пак, времето надвор е облачно во ќелијата не се гледа прст пред око… Не е многу подобра состојбата ниту во ќелиите во ‘Б’, а и ниту во оние во блок ‘А’, освен што се попространи и имаат повеќе светлина. Какви се условите во блокот ‘Г’ не знам. Немав можност да престојувам во нив. Таму, тогаш, во ‘мое време’, се зборуваше дека се оди со врски и со пари…“, сведочи Кежаровски.



Претходна статија

ЗАВРШЕНО Е ВЕШТАЧЕЊЕТО НА ВТОРИОТ ТЕЛЕФОН НА КАТИЦА ЈАНЕВА

Следна статија

ГЕРОВСКИ НАЈАВИ БОМБА: ВЕЧЕРВА ВО 19 ЧАСОТ ЌЕ ГИ ОТКРИЕ СИТЕ ВМЕШАНИ ВО МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ НА БОКИ 13

Најново од Вести