| |

МИЦКОСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ НА ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТ ЗА ПРАВДА

Христијан Мицкоски повика на граѓански протест утре со почеток од 18 часот од Обвинителството на кејот на реката Вардар до Врховниот суд, на денешната прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски подвлече дека протестот нема да биде партиски туку ќе биде протест на сите граѓани.

Мицкоски изјави дека спротиставувањето на кршењето на законите е наша обврска. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Заев нема да признае дека вршел влијание врз судството.

Надвор од темата Мицкоски изјави дека до крајот на неделата ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори на прашањата поврзани со преговорите со помалите партии за влез со коалицијата Обнова на Македонија.

Мицкоски како одговор на новинарско прашање поврзано со финансиската состојба на партијата, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ може да прими донации од било кој македонски граѓанин кој смета дека партијата ја заслужила неговата помош, без разлика дали се работи за Орце Камчев, Сашо Мијалков, Зоран Заев или Никола Груевски.



Слични Објави