ЌЕ ПОЧЕКАМЕ ЗА ШОПИНГ ВО СОЛУН-ГРЦИЈА ОСТАНУВА ЗАТВОРЕНА ЗА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ
Грција донесе одлука границите да останат затворени за граѓани oд трети земји, пишува српскиот дневен весник „Новости“.
Границата на нашиот јужен сосед и по 1 октомври ќе остане затворена за македонски државјани.
Поради неповолната епидемиолошка состојба во земјата, грчките власти забранија влез на наши граѓани на почетокот на јули, а таа одлука беше продолжувана во неколку наврати.