Радев во честитка до неговиот колега Зеленски: Го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина
Бугарскиот претседател Румен Радев упати честитка до неговиот украински колега, претседателот Володимир Зеленски по повод Националниот празник на Украина – Денот на независноста.
Во честитката Радев ја изразува солидарноста на бугарскиот народ со народот на Украина во овој тежок момент, поддршката на Бугарија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и посакува брзо враќање на мирот во земјата.
Бугарскиот претседател во честитката изразува и уверување дека Бугарија и Украина успешно ќе ги надградуваат односите, за што ќе продолжи да придонесува многубројната бугарска дијаспора во земјава.

