|

Македонски државјанин е уапсен во Бугарија за шверц на над 100 мигранти

Во бугарскиот град Бургас утрово бил приведен возач на камион со повеќе од стотина илегални мигранти, соопшти портпаролката на Регионалната управа на МВР во градот, Цветелина Рандева.

Идентификуван е возачот на камионот – 60-годишен македонски државјанин.

Товарниот камион и неговиот возач се приведени околу 06:45 часот. Превезувал само мажи со авганистанско потекло. Утврдено е дека истите биле натоварени во областа Дебелт, а камионот поминувал низ Бургас. Таму бил спречен од полициски службеници во приморскиот град.

За случајот е поведена предистражна постапка, објави агенцијата БТА.

Слични Објави