Театар Пи со нов мултимедијален перформанс „Далеку од нас“
„Далеку од нас“ е мултимедијален екперимент кој низ сензорни лавирнит портали публиката поминува низ индивидуално емотивно патување.
Лавиринтот и неговите сензорни патишта се креирани од екипата на Театар Пи, а потоа населени од учесниците и публиката на перформансот.
Овие сензорни портали се наредени во низа и поврзани преку патеки по кои публиката патува на соло патување. Целта на методот е да се постигне „проприоцепција“ што е ненадејно будење на нашата вистинска природа. Поканата за делото е секогаш да се преземе ризикот да се разбудиме пред чудото да се биде жив. На мултимедијалниот лавиринт перформанс освен интеракција на актерите со публиката се создава музика на живо и сликарство.
Перформансот ќе биде реализиран вечерва, од 20 часот во Центарот за култура во Ѓорче Петров.
„Далеку од нас“ е инспириран од делото „Далеку од дрвото“ на Ендрју Саломон.
Учествуваат лица со попреченост од дневниот центар ЦПЛИП Порака Скопје и ученици со типичен и атипичен развој од училишта од општина Ѓорче Петров Скопје.
Концептот и режијата се на Златко Митрески и Македонка Илиевска.
Проектот е финансиран од Министерство за култура на Република Македонија, Град Скопје.
Сцената е обезбедена од општина Ѓорче Петров.