А1ОН: ДОДЕКА ПРЕДМЕТИ ЗА ГАЗДА НЕФИ ТАПКААТ ВО МЕСТО- ПИЦЕРИЈАТА КАЈ ЧИНАРОТ ПРЕЧЕКУВА ГОСТИ
Четири предмети против советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ, Нефи Усеини, со месеци тапкаат во место. Институциите останаа глуви за физичките пресметки, дивоградбите, узурпирањето државен имот, фалсификување, односно уништување деловни книги, а тоа се кривични дела за кои од Усеини се бара одговорност, јавува А1Он.
„Во моментот во сите предмети се финализира прибирањето на материјалните и вербалните докази по што ќе бидат донесени и јавнообвинителски одлуки за натамошниот тек на постапките“, велат од Обвинителството за „А1он“.
Во два предмета Усеини се гони за кривично дело бесправно градење, двапати за спречување службено лице во вршење службено дејство и по еднаш за загрозување на сигурноста и фалсификување или уништување деловни книги. За овие дела најмала предвидена казна е глоба, а најголемата е три години затвор. Доколку се поднесе обвинение пред судот за сите предмети и дела, Усеини максимално може да добие 10 години затвор според Кривичнот законок.