„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“: ПОРАДИ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЌЕ ПОДНЕСЕМЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ
Уште едно објаснување за шпекулациите и дезинформациите кои одредени медиуми ги предизвикаа и ги шират во јавноста во врска со брзите COVID- 19 IgG-IgM Rapid тестови, кои покрај ПЦР тестовите се користат во „Аџибадем Систина“.
„Клиничката болница Аџибадем Систина е дел од втората најголема групациjа на болници во светот (IHH) и е првата болница која во земјата ја доби престижната акредитација за квалитет Joint Commission International (JCI) во 2016 година, а во текот на минатата година доби и потврда, односно реакредитација на златниот печат кој гарантира безбедност и сигурност за пациентите и вработените. Оваа најпрестижна болничка акредитација е потврда на високопрофесионална здравствена услуга за пациентите проследена со потврдено квалитетна опрема, технологија и кадар. Сето ова за нас значи одговорност за нивото на услуги кои ги пружаме на нашите пациенти.Во таа насока, во врска со сите шпекулации и дезинформации кои одредени медиуми ги предизвикаа и ги шират во јавноста во врска со брзите COVID- 19 IgG-IgM Rapid тестови кои покрај ПЦР (PCR) тестовите се користат во Аџибадем Систина уште еднаш даваме наше појаснување.
COVID- 19 IgG-IgM Rapid тестовите се набавени од холандска компанија со која имаме ексклузивен договор за соработка. Оваа компанија е ексклузивен дистрибутер на овој бренд на тестови кои ги произведува друга компанија, исто така од Холандија. Овие тестови за производство и употреба се одобрени од холандската влада, а КБ Аџибадем Систина има и директна потврда дека конкретниот бренд на тестови помеѓу другите земји, потврда за професионална употреба има добиено и во Велика Британија и Саудиска Арабија кои важат за земји со исклучително ограничувачки и претпазливи регулативи во здравствениот систем.
Употребата на брзите тестови е потврдена и препорачана и од FDA – Американската Асоцијација за примена на храна и лекови која сигнализирше дека федералните регулатори се целосно задоволни со податоците за резултатите на тестот , а се поголем е бројот на земји кои се одлучуваат за користење на овие тестови како најбрзо и едноставно решение за проверка на имунолошкиот статус на населението, а преку тоа проверка дека лицата биле во контакт со вирусната инфекција, а со цел побрзо враќање во редовното функционирање.
Највлијателниот медицински англиски магазин исто така пренесува за екстремно зголемената побарувачка на овие брзи тестови од страна на министерствата за здравство и други владини органи во земјите зафатени со пандемијата на вирусот Ковид-19
Како дополнување, во прилог и неколку линкови од активностите поврзани со овие брзи тестови кои земјите зафатени од пандемијата ги преземаат.
Велика Британија
Сингапур
Бугарија
Франција
Украина
Аџибадем Систина, како сериозна здравствена институција, со сериозна светска акредитација од самиот почеток ги објасни и јавно ги приложи сите детали во врска со овие тестови на граѓаните и понатаму нема никаква намера дополнително да дебатира со одредени платеници со дискутабилен кредибилитет за она кое го одработуваат.
Сметајќи дека дури и ним им е објаснето и приложено повеќе и од она кое го бараа на самиот почеток, КБ Аџибадем Систина до конкретните лица ќе поднесе кривична пријава за загрозување на јавното здравје преку невистинитите информации кои ги пласираат во јавноста и ширење на паника преку изнесување на лажни вести. Кон кривичната пријава ќе се приклучи и холандската компанија од која се набавени овие тестови“, соопшти болницата.

