ДИМИТРОВ: НЕМА СТАБИЛНА И УСПЕШНА ЕВРОПА БЕЗ ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

//

Од денешниот собир во Солун е упатена голема порака дека не може да се замисли цела, стабилна и успешна Европа без целосна интеграција на Западниот Балкан, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров во изјава за медиумите на маргините на конференцијата „Од Солун до Загреб“.

„Тоа е и повик, согласно со заклучоците од Европскиот совет минатиот октомври, да се донесат одлуки за пристапните преговори со Македонија и Албанија пред Самитот во Загреб, изјави Димитров по завршувањето на сесијата на солунската средба насловена „Унапредување на европската интеграција на Западен Балкан: Актуелни предизвици и перспективи“.

Димитров нагласи дека денешната министерска конференција е многу симболична, бидејќи се одржува во Солун 17 години по првиот Самит во овој град во 2003 година, кога Европа му вети на Балканот дека неговата иднина е заедно со неа во ЕУ.

„Симболично е што сме во истиот град на неколку месеци пред Самитот во мај во Загреб од кој имаме големи очекувања и ова на некој начин е некој мост и важна поддршка од соседите кои се дел од ЕУ – Грција, Бугарија, Романија, Словенија, Хрватска и Италија, додаде шефот на македонската дипломатија.



Тој оцени дека денешната средба е корисна бидејќи на неа се гради чувство на заедништво во нашиот регион меѓу земјите кои веќе се членки на ЕУ и оние кои се уште не се, при што му се заблагодари на шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас за организацијата и идејата за одржување на овој состанок.



Претходна статија

ПРИВЕДЕН СКОПЈАНЕЦ НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН „СТЕЊЕ“, БИЛ ОСУДЕН НА КАЗНА ЗАТВОР

Следна статија

ПЕСОЧНА БУРА ГИ ЗАФАТИ КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ

Најново од Вести