Бугарски здруженија со имиња по мерка на остатоците од комунистичкото едноумие

///

Пишува: Атанас Величков

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го кажа својот тежок збор во однос на КЦ „Иван Михајлов“ од Битола. „Убавите“ вести за осоколените анти-Бугари ги соопшти битолската Јованка Орлеанка, поранешната шефица и сегашен член на антидискриминаторското тело Весна Бендевска. Истата Бендевска, која гордо учествуваше во антибугарскиот и антиевропски протест против т.нар. француски предлог и замислената во нечии проруски глави наводна „бугаризација“ на РС Македонија. Се разбира надвор од работното време г-ѓата Бендевска може да посетува какви што сака протести, но примерот со овој е повеќе од очигледен, за тоа каков е ставот на антидискриминаторката кон еден дел од граѓаните на земјата, кои ете и покрај сè ја зачувале својата бугарска национална самосвест.

Комисијата препорача Културен центар Иван Михајлов Битола да ги отстрани сите спорни елементи во името, статутот и програмата кои предизвикуваат вознемирување, а истото важи и за како што стои во мислењето „спорни содржини“ на нивната страница на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Како дискриминирани и вознемирени во случајот се јавуваат „членовите, семејствата, поддржувачите и почитувачите на Сојузот на борци од НОБ и антифашистичката војна 1941 – 1945, кон македонскиот народ и припадниците на сите етнички заедници во македонското општество“. Крај на цитатот.

Мислењето на антидискриминаторите неслучајно доаѓа два дена по нападот врз друг бугарски клуб, а имено клубот „Цар Борис III“ во Охрид. Почитувачите на ликот и делото на претпоследниот бугарски цар, ги очекува истата судбина. И тие ќе бидат пријавени од бесмртните борци против фашизмот во РС Македонија и потоа Комисијата ќе им препорача да си го сменат името и да пазат што пишуваат на социјалната мрежа „Фејсбук“. А, ако веќе напишале нешто, што може да се определи како вознемирувачко за „припадниците на сите етнички заедници“ ќе треба да го избришат.

Пораката е јасна. Во РС Македонија има место само за формалните бугарски сдруженија, кои имаат близок контакт со властта без разлика дали таа е во рацете на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ. На социјалната мрежа Твитер веќе изрекламираа/искористија едно такво здружение создадено пред повеќе од десетина години и кое немало проблем со обиди за палења или со кршење на табла со мотика.

Бугарите во РС Македонија имаат право да бидат Бугари само и единствено, ако плукаат по проактивната политика на Бугарија во однос на РС Македонија и се разбира, ако се против влезот на Бугарите во Уставот на земјата. Оти разликите меѓу Македонците и Бугарите биле схоластички. Бугарите овде се Македонци, ама не етнички, а Македонците си се Македонци, кои заради ригидната бугарска државна политика не можеле подобро да ја запознаат Бугарија и да се освестат како Бугари. Да заборават на схоластичките разлики. Нема логика, ама барем никој не е вознемирен.

Бугарите во РС Македонија не смеат ни сами да одредат како да им се викаат здруженијата. Има тело, што треба да мисли за тоа. Бугарите овде и во Бугарија треба да се срамат од „контроверзните“ Иван Михајлов и цар Борис III, бидејќи на неизлезените од комунистичкото едноумие кандидати за влез во ЕУ, им се сонило, дека едниот бил „соработник“ на фашистите, а другиот „вазал“ на Хитлер.

Едно нешто треба да биде кристално јасно, проблемот не е во имињата на здруженијата, ниту во тоа, кога нивните членови се освестиле како „македонски Бугари“, проблемот е во тоа што тие здруженија не се под директното или индиректно раководење на властта. Проблем е бугарскиот бизнисмен Врабевски, бидејќи помага тие здруженија да постојат. Проблем е фактот што првите луѓе на тие здруженија немаат синови и ќерки што треба да се вработат „на државно“ и за возврат да бидат пиони, чија активност започнува и завршува со рубриката „на денешен ден“.



Немало да има проблем ако бугарско здружение го носи името на поетот и комита Пејо Јаворов. Никој немало да се буни! Дали тоа е навистина така? Дали некој воопшто верува во тоа? Нема ли повторно некој бесмртен борец против фашизмот, да се најде вознемирен, затоа што некој некаде напишал дека Бугаринот Јаворов од Чирпан се борел рамо до рамо со неговиот брат Бугаринот од Кукуш Гоце Делчев? Тоа може и да биде прифатено, но како ќе биде прифатен фактот дека поетот Јаворов е најблискиот соработник на Тодор Александров? Антидискриминаторите најверојатно ќе замижат или ќе се направат на глуви? Нема никаква логика нели? Освен, ако во 21-виот век, Бугарите од РС Македонија не потклекнат и него македонизираат загинатиот во почетокот на 20-тиот век Делчев, за мир во куќата и за да се поклопат коцките на доцна освестените титани на мислата во РСМ, кои по бугарското вето, се сетија дека Бугарите им се браќа, кои им зариле нож во грб. Само ноторна будала може да поверува во тоа.

Дојдовме до ситуација во која, оние што беа објект на напад со подметнат пожар, денеска да бидат објавени за дискриминатори и вознемирувачи. Утре истото ги очекува и луѓето од „Цар Борис III“. Комисијата што треба да ги штити Бугарите (и сите останати) од дискриминација, влегува во улогата на цензор и кум, нормално на штета на истите тие Бугари. Оти нели, како што вели Бујар Османи, имињата на Ванчо Михајлов и на царот Борис III не се во интерес на бугарската заедница во РС Македонија. Во интерес на бугарската заедница е да се срами од Михајлов, ама таков филм нема да биде прикажан скоро во кино салите низ РС Македонија.

Овде е редно да потсетиме дека веќе нема вето од бугарска страна за РС Македонија, а РС Македонија како држава, има за исполнување еден услов пред да ги започне суштинските преговори со ЕУ. Во овој ред на мисли, изјавите на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека се залага за изнаоѓање механизми да се забрани регистрација на какви било клубови кои, пред сѐ, ќе ги повредуваат националните чувства на македонскиот народ, не помагаат по никаков начин за тоа, веќе постоечките клубови да не бидат објект на напади, а РС Македонија на дело да се покаже како демократска земја. Министерот Спасовски како прв човек на МВР треба да ја смирува ситуацијата, а не индиректно да им вели на вжештените „патриотски“ глави „одете палете и кршете“, овие здруженија ви ги повредуваат чувствата.

Прашањето што се појавува само од себе по одлуката на антидискриминаторите, дека дискриминираните и навредувани се дискриминатори е следното:

Дали следното чкорче и запалива течност, гарнирани со мотика треба да бидат насочени кон човек, за да се прекине хероизацијата на вандалите како Алабаковски и оној од кочанско Оризари? Некој најверојатно треба да настрада или да умре, за да се разбудат институциите во земјата дека не се проблем имињата, иако тие сакаат да ја наметнат таа приказна, туку луѓето, кои одлучиле дека веќе им е доста од шепотење.

Нема откажување и нема назад. И покрај сето лицемерие и покрај сите напади! Ги живееме последните денови на антибугарскиот македонизам. Неговиот крај ќе го дочекаат и бесмртните борци против фашизмот, но тогаш нема да има кој да им обрне внимание, поради нивната вознемиреност од името на Иван Михајлов. Неговиот дух е жив и ниту една одлука не може да го смени тоа. Затоа главите горе!



Претходна статија

Милков: Промената во РСМ нема да биде брза, нема да биде брза ниту нивната евроинтеграција

Следна статија

(Видео) Милотинова: ЕУ ѝ порача на РСМ да ги почитува своите обврски

Најново од Истакнато