Татjaна Станева во Коридор 8: Тоа не е војна меѓу Русија и Украина, туку војна меѓу демократијата и тоталитаризмот, меѓу доброто и апсолутното зло!
„Тоа не е војна меѓу Русија и Украина, туку војна меѓу демократијата и тоталитаризмот, меѓу доброто и апсолутното зло! “, изјави Татјана Станева од бесарабското село Чушмелии во Украина во синоќешната епизода на видео подкастот Коридор 8.
Татјана Станева е автор на документарни филмови, кои го прикажуваат животот на Бугарите во Украина. Родена е на 11 март 1984 г. во бугарското село Чушмелии. Таа е дипломиран филолог и продуцент. Нејзини филмови се: „Мястото на силата“, „Чамур“, „Хитър Петър пътува из Бесарабия“, „Великденска реконструкция“, „Изчезващи села“.
Нејзиниот последен филм „Писма от войната. Писмо 1 – Пулсът на Украйна“ е дел од серија документарци, што раскажуваат за животот на луѓето за време на војната во Украина.
Слушнете го тоа што има да го каже достојната Бугарка од Украина Татјана Станева:

