|

Андрија Миошич: Самуил беше избран за бугарски крал во времето на царот Василие и тој ја ослободи Бугарија од прогонствата на Грците

АНДРИЈА КАШИЧ МИОШИЧ (1704-1760) е хрватски поет и филозоф, францискански монах и значаен представник на литературната преродба. Учел богословија и филозофија во манастир во близина на Макарска, а покасно го продолжил образованието во Будим. Потоа предавал филозофија во училиште во Шибеник. Преведува на хрватски јазик библиски текстови и собира и запиушува автентичен фолклор. Во 1756 г. ја издава книгата RAZGOVOR UGODNI NARODA SLOVINSKOGA:

“Не после долго, Бугарскиот цар, по име Самуил, војува против Владимир и идејќи со моќна војска го нападна него и неговите држави. Но Владимир, гледајќи дека не може да се спротивстави на таквата сила, та не смееше да сретне со него, ниту да се бори со него; но со малата војска што ја имаше со себе, избега во планината, каде што се наоѓаа полно змии, многу лути, почнаа да ја колат неговата војска, кога Владимир, го вида злото, го помоли Бог да не убиваат никого. И така во споменатата планина, и сега, змиите не убиваат никого (?) според достоинството на кралот Владимир, големиот слуга Божји. Самуил, Бугарскиот цар, кога виде дека не може да го нападне во планините, почна да го моли да седне и да разговара со него за работите од неговото царство, лажејќи го и давајќи му цврсто ветување и Бог како гарант, дека би се помирил со него и дека нема да му направи никакво зло. Владимир, исполнет со добрина, без изненадување, што ќе рече наивен, ниту со измама, слезе од планината, кого Самуил го имаше в рака, го испрати врзан во Бугарија и го стави во зандана.

Самуил беше избран за бугарски крал во времето на царот Василие и тој ја ослободи Бугарија од прогонствата на Грците. Тој беше среќен во војувањето; зашто многупати се бореше со војската на споменатиот цар Василие, стана победник; ја пороби грчката земја и завладеа многу места и градови. Тој војуваше против Владимир од Далмација, и го фати жив со измама и ја пороби цела Горна Далмација. Малку потоа царот Василие пак ја собра војската и со неа испрати кај Бугарите паметен и многу жесток поглавар, по име Никифор, кој со војската отиде да го најде кралот Самуил со решение: да се бори со него, и наоѓајќи го на крајот од еден гребен, каде што логорувал со војската, ноќе го нападна изненадно, го разби и ги изсече, а малкумина избегаа. На кралот Самуил и на неговиот син Радомир голема среќа ги снајде; зашто се скрија меѓу мртвите тела, кои, кога го видоа времето, се ископаа од под телата, бегааа од планина до планина и дојдоа во Бугарија тажни и жалосни. Војската на царот, освен оние што ги изсекоа, зароби петнаесет илјади живи и ги заведе во Константинопол, а Василие им ги изваде двете очи а само на еден, само едното око му го извади и ги испрати унакажени во Бугарија, да му каже на крал Самуил за безмилосното дело кое го направил. Кралот, гледајќи ги осакатени и разбра што се случило со останатите, побледе и излезе вон себе, а потоа, кога се поврати, посака вода да пие, кога ја испи, падна мртов на земјата.“

Извор: RAZGOVOR UGODNI NARODA SLOVINSKOGA

Слични Објави