| |

(Видео) Пендиков пред Bg OnAir: 11 месеци по тепањето, заканите продолжуваат

Речиси 11 месеци по бруталното претепување на Христијан Пендиков во Охрид, овој месец тој за првпат сведочеше за тоа што се случи. Пендиков се надева дека судот ќе донесе правична одлука и ѝ кажа на познатата бугарска новинарка Милена Милотинова дека Бугарите во Република Северна Македонија се секојдневно репресирани, а заканите кон него продолжуваат и до ден-денес.

„Ова е терор што самата држава дозволува да го има врз Бугарите, врз луѓето кои се чувствуваат Бугари во РСМ. Очекуваме судот да донесе праведна одлука. Заканите продолжуваат секојдневно, велат дека ќе не убијат, дека сме предавници , велат дека не мразат, ќе не обесат, само затоа што се идентификуваме како бугарска заедница во РСМ и сакаме да ги имаме истите права како и сите други граѓани во државата“, вели Пендиков во емисијата Брисел 1 на бугарската телевизија Bg OnAir.

„Заканите ги пријавуваме во полиција, особено тие во Фејсбук и во приватни пораки, но обвинителството не презема ништо. Тоа им дава сигнал на авторите на заканите дека се заштитени и никој не ги гони, а и на жртвите, дека им се обрнува внимание“. Вака Пендиков го објасни фактот дека во РСМ има случаи на напади врз Бугарите, но малку судски разрешници за случаите.

Дополнително, македонските Бугари ги бркаат од работа, тие немаат доволно финансии да си дозволат адвокати. Мора да има проект на бугарската држава за наша правна заштита“, вели Христијан Пендиков.

По повеќе од една година од пукањето против клубот во Охрид, никој не е уапсен, никој не е казнет, ​​нема информации од полицијата, појасни Пендиков.

„Откако ја поднесов пријавата, ме повикаа да сведочам, им дадов видео од камерите, каде што се гледа дека се пукало од автомобил. Фала Богу немаше жртви, но можеше да има. Само неколку минути претходно имаше луѓе во клубот“, објасни Пендиков.

Образовната програма во РСМ мора да се смени, рече тој.

„Мора да се земе предвид светската историја за да се знае дека Бугарите не се фашисти, како што се претставени во РСМ. Мора да се учи историската вистина, а не лажна историја која наметнува лоши чувства кон Бугарите. Кога детето од во прво одделение низ историјата почнуваат да му наметнуваат омраза кон бугарите, во 3-та година средно истото тоа дете веќе има омраза кон Бугарите.Тоа се случува затоа што учиме невистини.Ако ја учиме историската вистина во РСМ нема да има проблем со омразата.Ние сакаме да ја учиме историјата како што се учи во сите земји во светот, а не само ние да ја учиме токму спротивната историја во спротивна образовна програма“, рече Пендиков.

Пендиков најави дека нема одговор на нивниот допис до Министерството за правда на РСМ за причините за бришењето на Клубот „Цар Борис Трети“ една година откако бил редовно регистриран и имал правна дејност, а законот со ретроактивно дејство од сите здруженија во РСМ ги забрани само оние на Бугарите во Охрид и Битола.

Пендиков студира „Меѓународни односи“ на Софискиот универзитет и вели дека по дипломирањето би сакал да се врати во родната земја – РСМ и да работи за нејзиниот развој.

„Таму сум роден, таму пораснав и сакам да помогнам колку што можам РСМ да зачекори на патот кон ЕУ, еден ден да стане рамноправна членка на ЕУ и да нема омраза во земјата“.



Слични Објави