| | |

(Видео) Перев: Ние треба да направиме проект за иднината

Ние треба да направиме проект за иднината. На тоа место во бугарскиот Културно информативен центар, Македонскиот научен институт, да се сретнат младите генерации, новите луѓе кои ќе дојдат, тие да земат теми и да го обработат тоа, мојата генерација и другите генерации пропуштивме да го осознаеме. Со овие зборови познатиот публицист и општественик Владимир Перев, се обрати кон присутните на одбележувањето на 100 годишнината од создавањето на МНИ што се одржа на 8-ми декември во БКИЦ во Скопје.

Перев е дециден дека е напишано доволно за да се отворат вратите за една слобода во мислите и националното и политичко определување. Тој ја коментираше и улогата на најголемите партии во РС Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои според него го испуштиле историскиот моментум за да придонесат за развојот на македонското општество, подвлекувајќи ја негативната улога на ВМРО-ДПМНЕ со антиквизацијата на истото.

,,Во Македонија сите партии пропуштија да се соединат со историскиот момент. Дури и ВМРО-ДПМНЕ во еден момент на своето постоење со антиквизацијата на Македонија изврши злосторничка улога, во свеста на Македонецот и неговото приопштување кон европските вредности”, истакна Перев.

Во своето излагање македонскиот публицист ја спомна и улогата на поранешните режими кои работеле за одредувањето на македоно-бугарскиот елемент во земјата.

,,Ние не треба да заборавиме за улогата на поранешните режими во одродувањето на Македонците од бугарското племе. Такви одродници ги имаше и во Бугарија и во Македонија. Затоа очекувам научните и политичките фактори ќе се насочат кон отворање на нови патишта за приопштување на македоно-бугарскиот елемент кон европските вредности“, истакна Перев.

Слични Објави