(ВИДЕО) ОСМАНИ: АКО ТРЕБА БУГАРИТЕ ЌЕ ГИ ДОДАДЕМЕ ВО УСТАВОТ, НЕМАМЕ РЕЗЕРВА ЗА ТОА!

Бујар Османи, министерот за надворешни работи е гостин вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21.

loading...

Османи истакна дека ако им значи на Бугарите, би можеле да бидат додадени во Уставот, иако тоа никој не го побарал во официјалните разговори.

„Бугарите во Северна Македонија треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани кои може да се организираат како колективна заедница, и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно споменување во Уставот“, вели Османи.

ТВ21: Па тогаш треба да го менуваме Уставот…

Османи: „Немаме никаква резерва да бидат споменати како посебна етничка заедница, ако тоа им значи на било која страна“.

loading...


ТВ21: Од Бугарија има побарано такво нешто?

„Јас не сум чул. Немаат побарано такво нешто“, додаде Османи.