|

АФП: ОСУМ ЛИЦА ЗАГИНАА ПО РУСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВО СЕВЕРОЗАПАДНА СИРИЈА

Најмалку осум лица, меѓу кои и пет деца, загинаа при воздушните напади на руските воздушни сили врз училиште во северозападна Сирија во провинцијата Идлиб, објави АФП, повикувајќи се на информации од Сириската опсерваторија за човекови права (ОХР).
Наводно, училиштето било засолниште на бегалци.

Нападите се извршени во село во близина на градот Саракеб во провинцијата Идлиб, кое е под контрола на опозициските сили што се борат со владата на претседателот Башар Асад.



Слични Објави