АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ ГИ ОТКАЖУВА СИТЕ СОСТАНОЦИ, ЌЕ КОМУНИЦИРА СО СТРАНКИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ И ТЕЛЕФОНСКИ

Агенцијата за филм воведува дополнителни мерки за заштита од вирусот КОВИД-19. Како што соопшти, од денеска до завршувањето на ограничувањата што ги препорачаа Владата и Министерството за здравство согласно СЗО, ги откажува сите состаноци, а странките се замолуваат целата своја документација да ја доставуваат по електронски пат на arhiva@filmagency.gov.mk.

-Целата документација што ќе биде доставена во Архива, да биде скенирана или сликана, да биде видливо и читко и документот ќе се смета за уредно доставен и истиот ќе биде заверен во деловодната книга, а ќе има кратка потврда за примениот документ, препорачува Агенцијата.

Директорот и вработените остануваат достапни на фиксниот телефон 02 3 224 100, како и на службените електронски адреси info@filmagency.gov.mk и contact@filmagency.gov.mk, но и на мобилните телефонски броеви и меил адреси кои ги има на веб страницата на Агенцијата.



-Мерките кои ги донесуваме се за претпазливост и со нив придонесуваме кон јавното здравје и општествената одговорност. Во натамошното работење ќе се раководиме од мерките и препораките што ќе ги донесуваат Министерството за здравство и Владата, наведува Агенцијата.

Претходна статија

ФОНДАЦИЈАТА „СЛАВКО ЈАНЕВСКИ“ ЌЕ ГО ОБЈАВИ ДОБИТНИКОТ НА НАГРАДАТА „РОМАН НА ГОДИНАТА“

Следна статија

„АРС ЛАМИНА“ ДОНИРА КНИГИ ЗА БИБЛИОТЕКАТА ВО „СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА“

Најново од Култура