| |

Ахмети: Ако некој отиде во Бугарија а друг во Албанија, на кого ќе ја оставиме оваа земја?

„Македонците велат „тие што зборуваат албански да си одат во Албанија“. Ако дејствуваме на ваков начин некој да си оди во Бугарија а друг во Албанија на кого ќе ја оставиме таа држава?“, реторички праша Али Ахмети лидер на партијата ДУИ во РСМ, пренесува БГНЕС.

Тој посочи дека Македонците не треба да се плашат од албанскиот јазик, бидејќи тие не се дојденци во земјата.
„Гледам како зборуваат како змии небаре таа земја им припаѓа само на Македонците, но не е баш така, бидејќи не е само нивна. Албанците не се од вчера во оваа земја. Не прашуваат зошто Албанците овде говорат албански а Алжирците во Франција не говорат арапски. А и 6-те милиони во Германија не говорат турски. И додаваат „ако овие луѓе сакаат да говорат на албански нека си одат во Албанија“. Ако дејствуваме на ваков начин, некој да отиде во Бугарија а друг во Албанија на кого ќе ја оставиме оваа земја?“, реторички праша Ахмети.

Слични Објави