Ахмети ја осуди изјавата на Дардишта: Ова е спротивно на каузата на ДУИ
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ја осуди изјавата на поранешната директорка на заеднички служби на Клинички центар Шкодране Дардишта.
Рече дека таквите изјави се спротивни на каузата на партијата.
– ДУИ во каузата ја има слободата и таквите изјави не се во интерес на партијата и на каузата, рече Ахмети пред состанкот на Генералниот совет на партијата во Тетово.
Извор: Zoom. mk