АХМЕТИ ТИТУЛАТА МУ ЈА ПОСВЕТИ НА АБДИЛСЕЛАМ ЕМИНИ-ЗАГИНАТ ВО ОДБРАНА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ТЕТОВО

Тетовскиот универзитет му ја додели титулата почесен доктор на науки на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, пренесува Макфакс.

loading...

Тој рече дека оваа титула му ја посветува на Абдилселам Емини по повод 26-годишнината од неговото жртвување за овој универзитет.

„Јас денес не подготвив говор за досегашните случувања затоа што сметав дека е подобро да ги потсетам сите овие луѓе, што всушност сториле за образованието на албански јазик. Дами и господа, од овде се обврзувам пред вас, пред сите Албанци, дека ќе продолжам неуморно во воспоставувањето, унапредувањето на албанското образование, во зголемувањето на квалитетот на образованието на албански јазик, во зголемувањето на вредностите и инфраструктурата на универзитетите, во нивно опремување затоа што живееме во еден натпреварувачки век и денеска само со силна конкуренција можеме да чекориме напред“, рече Ахмети.



loading...

Фото: Макфакс