АКО НЕ ГИ КАЗНИМЕ СИТЕ ДОСЕГАШНИ ПОЛИТИЧАРИ-МЛАДИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА СИ ОДАТ ОД МАКЕДОНИЈА
Драги пријатели, Ви се обраќам со пријатели, затоа што, тоа сме и тоа треба да бидеме, сите во оваа наша државичка, без разлика на националноста и верата. Седејќи со мои блиски и познаници, разговарајќи со нив, ми се јави желба да напишам еден текст… Сакам да се изјаснам за многуте работи кои се нефункционални и да обрнам внимание на сите случувања во нашата држава.
Сведок сум на многу случувања во изминативе години. Сведок сум, на тоа колку мои другари од среќното ни детство, дружбата и сеќавањата кои ги градевме заедно, си заминаа од државава за да можат да си обезбедат подобар живот за нив и за нивното семејство… Последниве години, еден режим кој постоеше, падна. Но дојдоа едни нови, кој што викаа “нема правда, нема мир”, кој што ветуваа 500 евра плата, подобар стандард за сите граѓани. Но ништо од тоа! Ниту правда, ниту мир! Ниту пак повисок стандард! Исти како и претходните… Сведоци сме, сите ние, какви луѓе во минатото, а и во сегашноста ја водат државава. Сите до еден, кој од кој покорумпиран, едни со други се местат кој да одговара и кој да ги сноси последиците, а јас би рекол сите до еден треба да одговарате за секое зло нанесено на овој народ!!!! Не можам, а да не искоментирам, покрај сите тешкотии со кои се соочуваме, до кој степен ни е стигната позитивата и желбата за подобро утре. Како луѓе, како сограѓани, се газиме едни со други. Од пуста ,,малограѓанштина Да се навратиме на изопачените закони и правила во државава. Да започнеме со инспекциите и инспекторите. Секој ден се во малите и средните бизнис претпријатија, кои едвај преживуваат и се борат да извадат за парче леб за нивното семејство, за да можат да ги образоваат своите деца, да ги изведат на прав пат, а тие ги буткаат се подлабоко во долгови со казни од по 3.000 евра. Постојано измислувате некави си правила и прописи, ваков систем, таков систем, смени ја касата, треба ваква да биде, треба таква да биде. За едно менување кое чини 300 евра, за кои малите бизнис претпријатија треба три месеци да работат за да ги вратат тие 300 евра. Додека пак во големите бизнис претпријатија, кај оние така наречените ,,големци”, никој не смее да пристапи. Едно сигурно знам, Вие освен да опустошите и да крадете од народот, друго не ви ни паѓа на памет. Вие сте тие луѓе што ни го уништивте тоа наше среќно детство, Вие сте тие што ги раскаравте илјадници пријатели, поради вашата политика. Вие сте тие што ги бркате луѓето од својата држава. Вие сте тие што ги уништивте нашите среќни спомени од оваа држава. Вие сте тие што не направивте од весели, до ужасно тажни и депресивни. Вие сте тие што ги уништивте нашите соништа!!! Време е да се повлечете од вашите функции и да ја предадете државата на нови млади луѓе, без валкано и криминално минато. На луѓе кои што знаат како треба да го водат ова наше мало парче земја, строго по европскиот пат!!!!!
Истите вие, доколку сте свесни до кој степен ја донесовте државава, колку го осиромашивте овој народ. Би требало сами да се повлечете од вашите функции и оние удобни фотељи на кој што седите, ако имате воопшто грам совест во вас…
Дали еднаш, од кога ќе ја добиете власта, од кога ќе бидете изгласани од овој народ, сте се запрашале како живеат луѓево без никакви услови за живот? Или единственото нешто што најдобро го знаете, е како да го доосиромашите народов со тие високи казни, а плата минимална и мизерна од која неможе да се преживее две недели, а не пак цел месец… Народот е задолжен во кредити, заостанати сметки за кои е невозможно да се собере некој денар за да се исплатат, опцијата е да бираш, храна месецов или сметка за струја! Се можно е поскапено.
Да го земеме јавниот превоз за пример. Карта во автобус, порано беше 35 денари, која можеше да ја купиш во автобус. Сега единствена опција е да мораш да ја купиш онаа карта од 100 денари.
Па дали сте се запрашале дали може овој народ да си го дозволи веќе и јавниот превоз, кој би требало да биде најефтината опција за превоз, а и најдостапна? И повторно имаш да бираш, или ќе одиш со автобус до посакуваната дестинација, или решаваш да одиш пеш до своето работно место,на пример, каде повторно ќе го поминеш денот “на нога”. За автомобил да се запали и да се оди некаде, тоа е веќе луксуз. А пак такси, илузија на 21-от век…
Дали сте се запрашале зашто младите си заминуваат во странство или најважно ви е гласачкото тело, машинеријата за гласање, пензионерите, што ги лажете со 5% повисока пензија, со бесплатните бањи, па дури и бесплатно скијање им овозможивте.
А каде се младите во ова општество? Каде е правото на збор и на индивидуален избор? Или само пензионерите се оние кои имаат право да ни ја кројат иднината на нашата држава? Идеологија за иднината која само според нив е вистинска и единствената реална опција која ја имаме.
И кога веќе ја напоменав осудата и презирот, да ги споменам и самохраните родители, кои како да се заборавени и избришани од општеството.
Осудени од општеството, без никакви права, а да не збориме за заштита од системот. Сте се запрашале ли некогаш како им е на тие самохрани родители да се прехранат себеси и уште едно мало суштество, кое зависи буквално само од нив, една единствена личност, со 150 евра? Како ли му ја објаснуваат осудата која ја имаат сите кон тој еден родител, осуда која притоа и тоа дете ја трпи, а тоа дете не е воопшто виновно, зошто постои во изопачено општество.
Сите тие луѓе или да ги наречам нелуѓе се поврзани со власта. Корупција, мито и така натака. Дали знаете дека и таму во големите бизнис претпријатија, платите покрај тоа што се мизерни, ние напатениов народ, ги работиме и сите саботи во месецот, сите државни празници, каде што прекувременото работење не е платено. И да напоменам дека во текот на една работна недела се изработуваат 40 полни часа неделно, што според нашиот законски систем не е дозволено да се работи повеќе од тоа. Но, затоа во ваквите фирми, инспекција неможе да влезе. Забрането им е.
Или веднаш ќе бидат поткупени или пак додека некој чесен инспектор ќе сака правдата да ја задоволи, ќе биде избркан од своето работното место..
Ех! Нашата чудесна земја…
Сите Вие, досегашни, квази политичари, сите треба да си дадете неодповиклива оставка! Предајте ја државата на нови млади луѓе, што немаат црна дамка во политиката. Што не се корумпирани, да можат, додека остана уште некоја мала шанса, да се спаси државава и да се задржат младите во неа….
Дали сте се запрашале како им е на тие родители и колку им е тешко што неможат да си ги видат своите чеда кога ќе посакаат?
Дали сте се запрашале дека секој ден со солзи во очите чекаат да дојде ноќта болна, пред лаптоп, за да можат преку скајп да си ги видат своите чеда?
Дали сте се запрашале како им е на тие родители што неможат да си ги видат своите внучиња кога ќе посакаат?
Дали знаете каква е нивната болка???
Вие сте тие што ни ја уништивте љубовта, ни донесовте омраза! Да, вие сте тие досегашните квази политичари и искорумпирани министри, кои, се што допревте, уништивте….
Време е!!!!!
Автор: Димитар Попандонов