АКО НЕ ВЕ ЗАДРЖУВА НИШТО ВО ЉУБОВНАТА ВРСКА, ЗАМИНЕТЕ!

/

Ако почувствувате дека ништо не ве задржува да бидете во љубовна врска, тогаш заминете.

Бидејќи да бидеш со некој кај кој не те привлекува во ништо, е многу поболно отколку заминувањето. Не се мачете. Никој не е достоен за вашите солзи.

Пауло Коелјо напишал: „Ако имате храброст да кажете збогум, животот сигурно ќе ве награди со ново „здраво“.

Ми дојде на ум таа мисла кога размислував за животот и почувствував голема празнина во себе. Се чувствував толку лошо, толку болно и тоа траеше толку долго што повеќе немав надеж дека еден ден ќе го здогледам светло на крајот од тунелот.

Се обидов да откријам зошто ја држам љубовта која ме прави несреќна.

Вистината беше дека се плашев да ја пуштам.

Се плашев од помислата дека нема да сретнам никој друг како него. Се лажев самата себе дека не поврзува длабока и силна љубов.



Но вистината не била таква.

Бидете храбри да го започнете животот повторно. Пронајдете нови цели. Нови соништа. Правете го она што ве исполнува и што ве прави среќни. Не се плашете – цврсто зачекорете напред!

И верувајте, ќе успеете. Кога ќе се ослободите од сѐ што ви е токсично во животот, ќе си го вратите интегритетот.



Претходна статија

ДВЕ ДРУГАРКИ ГИ СПОИ КОРОНА ВИРУСОТ ПОСЛЕ 70 ГОДИНИ

Следна статија

ТЕСТ: ЖИВОТНОТО ШТО ГО ВИДОВТЕ НАЈПРВО ЈА ОТКРИВА ВАШАТА НАЈДОБРА КАРАКТЕРНА ЦРТА

Најново од Љубовни приказни