АМЕРИКАНСКОТО ВОЕНО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДИЛО УШТЕ ВО НОЕМВРИ ЗА ПОЈАВАТА НА КОВИД-19

/

Американското воено разузнавање уште во ноември минатата година ја предупредило администрацијата во Белата куќа дека во кинескиот град Вухан се шири зараза, што претставува закана за населението, јавува ABC News.

Националниот центар за медицинско разузнавање (NCMI), дел од структурата на американската армија, обезбедил детални алармантни информации минатиот ноември за она што сега е познато како COVID-19, по анализирањето на стекнатите дигитални податоци и сателитските слики.

Воениот разузнавачки извештај предупредува дека неконтролираната зараза може да претставува закана за американските сили во Азија. Според еден извор, цитиран од АBC News, „аналитичарите заклучиле дека ова може да биде катаклизмичен настан“.





Претходна статија

ПОЧИНА РОДИЛКАТА ПОЗИТИВНА НА КОРОНАВИРУС

Следна статија

МЕДИЦИНСКАТА ПОМОШ ОД ТУРЦИЈА ПРИСТИГНА ВО ЗЕМЈАВА

Најново од Вести