|

Германија, Франција, САД, Велика Британија и Италија со заедничка изјава за Израел

Германија, САД, Велика Британија, Франција и Италија доцна синоќа објавија заедничка изјава во која ја потврдуваат солидарноста со Израел, по терористичките напади на исламистичката палестинска организација Хамас.

Заедно, тие изразија „постојана и обединета поддршка“ за Израел „и недвосмислена осуда на Хамас и неговите ужасни акти на тероризам“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека петте земји „ќе се погрижат Израел да се брани себеси и своите граѓани од грозоморни напади“, напиша тој на платформата Х, порано позната како Твитер.

Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговараа со американскиот претседател Џо Бајден, британскиот премиер Риши Сунак и италијанската премиерка Џорџа Мелони и ја повторија својата поддршка за Израел.

Во понеделникот во Хамбург започна дводневната седница на француско-германската влада со Шолц и Макрон.

Слични Објави