Тешка ноќ и во Украина: рускиот напад траел три часа, украинската армија уништи непријателски беспилотни летала
Силите на украинската воздушна одбрана уништија 27 од 36-те беспилотни летала со кои Русија синоќа го нападна југот на Украина, соопшти военото воздухопловство на Украина.
Нема повредени, а зафатена е логистичката инфраструктура.
Нападот траел речиси три часа од различни правци, пренесува Интерфакс Украина. Еден дрон е уништен над регионот Николаев, три над регионот Херсон и 23 над регионот на Одеса.