АКО САКААТ ЌЕ СЕ ЈАВАТ

//

Има денови кога се чувствувам најосамена на светот. Си велам нормално е да имаш такви денови и мигови. Тогаш почнуваш да ги цениш моментите кога си опкружен со луѓето кои ги сакаш и почитуваш.

Во последно време имам работа „преку глава“, колку и да се организирам  не можам да стигнам, го менувам распоредот праќам половични пораки, си пишувам белешки и пак не оди… Но знам дека има и такви денови, така повеќе си ги ценам деновите за одмор и моментите кога го пуштам мозокот „на пасење“ и уживам без информации кои ќе ме блокираат. Околу мене секојдневно се вртат се повеќе луѓе и практично ми е да си пишувам белешки на кого да се јавам со кого треба да пијам кафе, каде и кога сум на состанок… И пред извесно време само што не се шлогирав, Како да имам 1оо години пиев таблети за смирување за да можам да заспијам. Сите свои обврски ги решавав на време, на повеќето им давав рок, пишував, се јавував на кого морам и требам, се грижев и за тие што не заслужуваа…

Бев тука за сѐ и сешто, да на крајот од денот забележам во своите убави триесетти, како ми се тресат рацете, како не можам да заспијам. Плачам не можев повеќе од исцрпеноста, не можев ништо. Но главно сите околу мене беа задоволни и среќни, само тоа и ми беше важно. КОЈА ГЛУПАЧА. Среќа се освестив малку, бев одморив неколку дена наполнив батерии и пак назад. Повторно работата турбо, комуницирање со луѓе по 10 сати дневно, пробав да си ги добијам работите што си ги сакам за на крај од денот да се усреќам од нешто. И пак не ми оди. Свесно не ми оди, изгубив на тежина, сонот ми отиде по ѓаволите, јадам преку ноќ за да се утешам со храна мислејќи дека побрзо ќе заспијам… И не оди…

Но сѐ околу мене е задоволно и намирено. И пак јас ќе се извинам ако не сум можела да стигнам да отидам да се јавам, честитам родендени и се така во круг. Иако сѐ друго си врви сите читаат ми се јавуваат непознати луѓе ме подржуваат … СЕ додека во автобус не сретнав еден школски другар по незнам колку долго време на излегување од автобусот ни вели ЈАВИ СЕ… И тука пукнав! ПА ЈАВИ СЕ ТИ! Ме погледна и сфати дека сум во право. Не сум јас таа која не се јавува туку тој, но и другите се како него. Јас сум се јавувала, испочитувала секого и секаде и кого сум требала и кого не сум. Фаќав белешки да не заборавам некој за да не се налути. И така во круг. Е па не оди веќе така. ЈАВЕТЕ СЕ И ВИЕ.



Ако сум јас толерантна (будала), загрижена за сите вас, кои каде сте, како сте, добро ли сте, дојде време да си ги поделиме обврските бидејќи ниту еден однос професионален или приватен, пријателски или љубовен нема да функционира во принцип 90/10, 70/30, мора да биде 50/50 колку толку, инаку неуспехот ни е загарантиран. И каде сте сите мои за кои јас бев загрижена за сите вас, за кои станував среде ноќ за да ви помогнам за сѐ што ви е потребно, а денес ве нема ни сигнал да пуштите, јас ќе ви се јавам ако до тука ви стигнала работата, зарем еднаш сум ви ги платила сметките, зарем некогаш сум ве одбила за нешто, НИКОГАШ… Доживеав и такви моменти кога сфатив дека товарот треба да го носам за двајца, кога сфатив дека работам премногу а никој да не ти го цени сработеното и не те плаќа доволно за вложениот труд, давањето на бесплатни совети, трчањето среде ноќ итн. И на крајот од денот разбрав нешто многу важно – кој сака ќе се јави, кој останал местото му било тука, кој отишол никогаш и не заслужил да биде овде, како и да е животот е едно големо тркало,.. И коцката се врти ако ја турнеш… КОЈ САКА СЕ ЈАВУВА, СЕ ДРУГО СЕ ИЗГОВОРИ…

Автор: Фросина Китановска



Претходна статија

НАВИВАЧКАТА ГРУПА „КОМИТИ“ СЕ КАКО МОЈОТ ТАТКО!

Следна статија

УРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ КАЈ СТАРА БОЛНИЦА

Најново од Истакнато

Последниот атентатор (8)

Спомени на Крсто Петрушев (1913-2007) од Богданци, припадник на ВМРО, запишани од Владимир Перев. На почетокот