АКТЕРИ ГО ЧИСТЕА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
Група актери денеска спроведоа акција за чистење на дворот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје со цел подигнување на свеста на граѓаните и нивната одговорност кон животната средина, јавува Тв1.
Актерката Сања Арсовска од Драмскиот театар изјави дека сезоната во театрите завршила, имаат слободно време, одлучиле да го искористат корисно и да бидат општествено одговорни. Таа додава дека целта не им е да се натпреваруваат со претпријатието „Комунална хигиена“, туку како уметници кои имаат должност да бидат општествено одговорни, целта им е да им укажат на граѓаните да имаат поголема еколошка свест.

